Калциум - најобемен минерал во човечкиот организам кој е
од витално значење за изградба на коските и забите. Го има во: овошје, зеленчук, млеко, житарки, јаткасти плодови. Негов недостатог може да даде: кршливост на коските, пореметување на крвен притисок, болки во мускулите, нервна раздразливост, скелетни деформитети.
Фосфор - 85% во нашиот организам е во коските и забите. Го има во овошје и зеленчук. Недостаток од фосфор се манифестира со влошување на состојбата на коските, слаби мускули и замор.
Магнезиум - важен за правилна работа на срцето. Го има во: јаткасти плодови, морска храна, место. Недостаток од магнезиум се манифестира со аритмија, слабост или грчеви во мускулите, главоболка, висок крвен притисок, депресија, мачнина.
Натриум - важен електролит присутен во сите телесни течности - крв, солзи, пот. Го има во овошјето, а најмногу во праските. Недостаток од натриум се манифестира со потиштеност, слабост, грчеви во мускулите.
Калиум - важен за правилна функција на мускулите. Го има во домати, брокула, портокал, црн леб. Недостаток од калиум се манифестира со слабост, недостаток од енергија, грчеви во мускулите, неправилна работа на срце.
Железо - како составен дел на хемоглобинот овозможува пренесување на кислород во крвта. Го има во јаткасите плодови и сувото овошје. Недостаток од железо се манифестира со несвестица, малаксаност, слабост, бледило, умор, главоболка, слаба коса и нокти.
Манган - важен за правилно формирање на коските. Го има во ананас. Недостаток од манган нема бидејќи доволно се внесува преку храната.
Јод - важен за нормален раст и психички развој. Го има во јагодите. Недостаток од јод се манифестира со зголемување на тироидна жлезда, сува и збрчкана кожа.
Цинк - важен за создавање на хормони. Го има во црн дроб, јаткасти плодови, свеж зеленчук. Недостаток од цинк се манифестира со нееластична кожа, стрии, опаѓање на коса, брчки, флеки по кожата, иритација на кожа.
Селен - моќен антиоксиданс. Го има во печурки, кромид, домати, шипка.