Monday, April 21, 2014

ХИДРОСОЛУБИЛНИ ВИТАМИНИ

Хидросолубилни витамини или витамини растворливи во вода се витамини од групата Б и витаминот Ц. 

Витамин Б1 - Тиамин  
     Овој витамин е важен за одржување на работата на срцето и мукозните мембрани. Недостаток од овој витамин ја дава болеста  Бери - Бери што претставува невролошко и кардиоваскуларно пореметување, а главни симптоми на оваа болест се полиневритис, срцева слабост и атонија на желудникот. 


 Витамин Б2 - Рибофлавин
Овој витамин во организмот е врзан за протеините во форма на флавопротеини. При недостаток од овој витамин  се појавуваат промени на очната рожница, рагади на аглите од устата, воспаление на усна шуплина. 




 Витамин Б3 - Нијацин
        Овој витамин е важен за синтеза на хем. Недостаток од овој витамин дава пелагра.

Витамин Б5 - Пантотенска киселина
      Овој витамин е составен дел на коензим А во организмот. Недостаток од овој витамин нема, но се појавуваат некој симптоми како повраќање, невроза, абдоминална болка, мускулни грчеви. 

Витамин Б6 - Пиридоксин  
      Овој витамин е важен за балансирање на хормоните кај жените. При недостаток од овој витамин се појавуваат себореични промени на кожата, мачнина, повраќање, слабост, вртоглавица, главоболка, нервна раздразливост.


Витамин Б9 - Фолна киселина 
Овој витамин е важен за создавање на црвените крвни зрнца, а исто така е важен и кај бремени жени за правилен раст и развој на плодот. При недостаток од овој витамин се појавува пернициозна анемија. 



Витамин Б12 - Цијанокобаламин 
      Овој витамин е важен за правилно функционирање на средишниот нервен систем. При недостаток од овој витамин се појавуваат егземи, дерматитис, замор, лоша состојба на коските, иритираност, слаба меморија и концентрација. 

Витамин Ц - Аскорбинска киселина 
      Овој витамин е важен за колаген и карнитин како и за метаболизам на масни киселини. Недостаток од овој витамин дава скорбут кој се манифестира со крварење на непцата и паѓање на забите како и првут на кожата.

No comments:

Post a Comment