Monday, April 21, 2014

МИНЕРАЛИ



Исто како и витамините и минералите му помагаат на телото да се развива, расте и да остане здраво. Минералите претставуваат неоргански елементи кои потекнуваат од почвата и водата, а се апсорбираат од растенијата или ги јадат животните. 

За нормално функционирање на организмот потребна е доволна количина на минерали. Постојат дваесетина различни минерали кои влегуваат во составот на нашиот организам и тие претставуваат 5% од целокупната тежина на нашиот организам. 

Во нашиот организам минералите постојано се обновуваат, а преку урината, столицата, потта, и другите секрети, секој ден се исфрлаат околу 30 грама минерали кои задолжително треба да се внесат со храната. 


Минералите се неопходни за многу метаболички процеси, генерирање на крв и во меѓусебното дејство на нервите и мускулите.

Постојат два вида на минерали: макроминерали и минерали во трагови.
Групата на макроминералите ја сочинуваат соединенија кои содржат калциум, фосфор, магнезиум, натриум и калиум.

Минерали кои му се потребни на организмот во многу мали количини, но неопходни количини се железото, манганот, јодот, цинкот и селенот.

No comments:

Post a Comment