Monday, April 21, 2014

ЛИПОСОЛУБИЛНИ ВИТАМИНИ

Липосолубилни витамини или витамини растворливи во масло се витамините А, Д, Е и К.

Витамин А - Ретинол
       Овој витамин е важен за одржување на коските, забите, косата, непцата и видот. Негов недостаток предизвикува кокошкино слепило - неможност за гледање ноќе, ксерофталмија - суво око, иритација на кожа, прекумерен раст на коските.





Витамин Д - Калциферол
Важно е да се знае дека може да се синтетизира во организмот со помош на сончева светлина. Недостаток од овој витамин предизвикува рахитис кај децата - искривување на коските, остеомалација - искривување на коските, остеопороза - кршење на коските и омекнување.



Витамин Е - Токоферол
   Овој витамин е важен антикоагуланс. Се наоѓа во растителните масла, јаткастите плодови, зелен зеленчук, житарици, авокадо.





Витамин К 
Овој витамин уште се нарекува и фактор на коагулација бидејќи учествува со спречување на згрутчување на крвта. Го има во зелен зеленчук, овошје, месо, јајца. Недостаток од овој витамин дава крварење.

No comments:

Post a Comment